Седа ― паланка (мал град) во Латвија основан во 1952 година. Главната месна индустрија е извлекување на тресет. Градот е извонреден по сталинистичката архитектура во стилот на 1950-тите, датира од славните денови на Седа, кога работниците од целиот Советски Сојуз дошле да работат за претпријатието за извлекување на тресет.

Акционерското друштво „Седа“ сè уште е голем работодавач.

Паланката и нејзините луѓе биле предмет на документарниот филм „Седа: Луѓето од мочуриштето“ (; режисер: Каспарс Гоба; Латвија/Германија, 2004 година).

Галерија

Надворешни врски

Мрежна страница на АД „Седа“

Поврзано Градови во Латвија

Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Градови во Латвија Категорија:Валмиера (општина) Категорија:Виѕеме Категорија:Населени места основани во 1952 година