Остерхолц-Шармбек (; ) — град во округот Остерхолц, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Претставува административно седиште на округот Остерхолц. Градот се наоѓа помеѓу градовите Бремен и Бремерхафен.
Тој е единствен град во округот Остерхолц. Настанал во 1927 година со спојување на дотогашните општини Остерхолц и Шармбек. Две години подоцна добил градски права.
Географија Местоположба
Остерхолц-Шармбек се наоѓа во Северногерманската Низина, околу 22 километри североисточно од Бремен, во близина на реката Хаме, со кој градот е поврзан со Остерхолцер Хафенканал. Преку каналот Хаме-Осте денес постои пловна врска со Елба. Источно од градот се протега мочуриштето Тојферлсмор.
Градски единици
Градот Остерхолц-Шармбек се состои од градско јадро и девет градски единици:
Фрајсенбител Гарлштет Хајлсхорн Хилзеберг Оленштет Пенигбител Зандхаузен Шармбекстотел Тојферлсмор
Други места, кои немаат административна структура, се следниве:
Аренсфелде Алтенбрик Алтендам Ауф Дем Раден Ауф Дем Руш Баргтен Бредбек Бушхаузен Бител Фелдхоф Хасла Хинтер Дем Хорн Катенхорн Ланге Хајде Линтел Мускау Миле Нидерзандхаузен Рушкамп Зетенбек Форволде Вестербек Висте
Историја
Местото било првпат споменато во 1043 година како Скирнбеки (Scirnbeci). Од 1180 година, Шармбек припаѓал на Архиепископијата Бремен. Манастирот во Остерхолц бил основан во 1182 година и постоел до 1650 година, кога Долна Саксонија станал главно протестантска. Во 1648 година, Архиепископијата станала Војводство Бремен, кое најпрвин било владеено во личен сојуз од Швеѓаните, а од 1715 година од Хановерската династија. Во 1823 година, Војводството било укинато и територијата станала дел од областа Штаде во рамки на Кралството Хановер.
Во 1927 година, двете општини Остерхолц и Шармбек биле споени во една, а во 1929 година општината ги добила градските права.
Помеѓу 1978 и 1992 година, 4.200 војници на американската војска биле сместени тука, како и околу 4.000 членови на нивните семејства.
Население
1904: 4.701Chronik von Osterholz-Scharmbeck Band I. Von den Anfängen bis 1929. Hrsg. Stadt Osterholz-Scharmbeck 1909: 6.060 1945: 12.500 1961: 19.258 1987: 24.150 2004: 31.145 2005: 31.055 2010: 30.218
Политика Градски совет
Градскиот совет се состои од 38 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 30.001 и 40.000 жители.Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten , abgerufen am 10. Januar 2014. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:
+ Распределба на местата во Градскиот совет Година SPD CDU GRÜNE FDP Граѓанска фракција LINKE* NPD Gesamtzahl 2016 14 10 4 1 4 4 1 38 2011 18 10 4 1 3 2 — 38 2006 19 11 2 2 2 2 — 38 2001 20 11 2 1 4 — — 38 *2006 како WASG
Градоначалник
Градоначалник на градот Остерхолц-Шармбек е Торстен Роде (независен).
Збратимени градови
Остерхолц-Шармбек е збратимен со следниве градови:
Гримен, Германија (од 1990 г.)
Од јануари 2021 година градот е член на меѓународната организација Градоначалници за мир.
Познати луѓе
Роланд Бар (р. 1965) ― веслач Едуард Нојман (1903-1985) ― професор и ректор на Слободниот универзитет Берлин Бодо Рамелов (р. 1956) ― политичар
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Остерхолц