Шумска решеткарка (Kirinia roxelana) е пеперутка од семејството на шаренците. Пеперутката живее во регионот од Јужна Европа па до Блискиот Исток.
Опис Должината на крилјата на пеперутката е од 29 до 32 мм. Возрасните единки летаат од мај до јули. Горната страна на крилјата, претежно, се со различни нијанси на кафеава боја. Задните делови се со светлокафена боја со видливи темнокафени нијанси и вени. На долниот дел има две јасно видливи жолти дамки со црни зеници, а покрај нив има и слабовидливи кафени окца. Крилајата имаат неправилни форми. Предниот дел на крилјата се во темнокафена боја, во средишниот дел има портокалови нијанси. На врвовите има бели шари и црно окце. Долната страна на крилјата се во светлокафена боја, со брановидни шари во темнкокафена боја. Покрај рабовите има окца во жолта, црна и бела боја. Бројот и формите варираат.Seitz. A. in Seitz, A. ed. Band 1: Abt. 1, Die Großschmetterlinge des palaearktischen Faunengebietes, Die palaearktischen Tagfalter, 1909, 379 Seiten, mit 89 kolorierten Tafeln (3470 Figuren) Пеперугата сака топли и суви предели и шуми. Јајцата се полагаат на широколисни растенија. Гасениците се зелени со бледи ленти. Презимува како гасеница, а на пролет настапува фазата на кукла.
Наводи
Надворепни врски Lepiforum.de
Категорија:Инсекти на Македонија Категорија:Шаренци