Turf Tavern (или само „Turf“) е историски паб во центарот на Оксфорд, Англија. Неговите темели и употреба како таверна за пиење датираат уште од 1381 година. Првично била наречена „Spotted Cow“, но името било сменето во 1842 година, веројатно како дел од обидот да се ублажи неговиот углед како место за нелегални коцкарски активности.

Најчесто пабот го посетуваат студенти (и на Оксфордскиот универзитет и Оксфордскиот Бруксов универзитет). Се наоѓа на крајот од тесен сокак, патеката „Сент Хеленс“, помеѓу улицата Холивел и Њу Колеџ Лејн, близу Мостот на воздишките. Поради нелегалните активности на многу свои првични покровители, пабот е сместен во област непосредно пред ѕидот на градот со цел да избега од надлежноста на управните тела на месните колеџи.

Таверната е исто така место каде идниот австралиски премиер Боб Хоук поставил Гинисов рекорд за конзумирање долгнавеста кригла за 11 секунди во 1963 година.  Други јавни личности кои вечерале или пиеле во таверната се Ричард Бартон, Елизабет Тејлор, Тони Блер, Клајв Луис, Стивен Хокинг и Маргарет Тачер. Исто така, служела како место за дружење за глумската екипа на филмовите за Хари Потер, додека блиските колеџи биле користени како места во текот на снимањето на серијалот. 

Исто така била прикажана во ТВ серијата на ITV, „Инспектор Морс“ емитувана помеѓу 1987 и 2000 година."Find a Hidden Oxford Pub Down a Secret Alley" . TripSavvy<span class="reference-accessdate">. Посетено на 28 јануари 2021.

Пабот ги вдахнал „The Lamb and Flag“, измислено место за пиење прикажано во „Нејасната Џуд“, последниот роман на авторот Томас Харди.[citation needed]

Наводи

Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Британски пабови Категорија:Британска култура Категорија:Оксфорд