Колник — археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Прдејци. Претставува старохристијанска базилика. На 1 км западно од селото, во непосредната близина на управната зграда и магацинскиот простор на плантажите на „Винојуг“ се среќаваат делови од тегули имбрекси, како и од архитектонска пластика, кои се поинтензивно истакнати на простор од 100 × 50 м.

Поврзано Бистерна — населба од бакарното и римското време и средновековна црква со некропола; Ветка Црква — сакрален објект од римското време; Прдејци; Список на археолошки наоѓалишта во Гевгелиско.

Наводи