Основно училиште „Страшо Пинџур“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Страшо Пинџур“ - Оџалија; скратено: ПООУ „Страшо Пинџур“) — подрачно основно училиште во селото Оџалија, составен дел на ОУ „Страшо Пинџур“ од селото Карбинци.
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски народен херој Страшо Пинџур.
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа на пристапниот пат до самото село Оџалија.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на турски наставен јазик.
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Карбинци Оџалија Категорија:Оџалија