Свети Климент – црква во селото Пашаџиково. Сместена е од десната страна на патот кој води до туристичкиот центар Пониква.
Историја Црквата била изградена во 2012 година со ктиторство на Благој Ситновски и неговото семејство. Храмот бил осветен од страна на Митрополитот Брегалнички г. Иларион во септември 2015 година.„Осветен новиот храм кај Пониква посветен на св. Климент Охридски “. Телевизија Канал 8. 14 септември 2015.
Архитектура Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола и полукружна апсида на источната страна. На секоја страна од куполата има по една монофора. Апсидата е украсена со три слепи ниши. Со три слепи ниши се украсени и полукружните крила, а во нивната средишна ниша има по една монофора. Влезот на црквата се наоѓа на западната страна до којашто е дограден трем. Дворот на црквата е ограден со метална ограда којашто има бетонска основа.
Во непосредна близина на црквата се наоѓа мал помошен објект.
Галерија
Поврзано Пашаџиково Брегалничка епархија Кочанско архијерејско намесништво
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Пашаџиково Пашаџиково