мини|Игор Андреев на Вимблдон 2013 Игор Валереевич Андреев ( ; роден на 14 јули 1983 година во Москва ) е поранешен руски професионален тенисер кој го постигнал најдобриот пласман во сингл на 3 ноември 2008 година кога го зазел 18-тото место на АТП листата.

Кариера Почнал да игра тенис на седумгодишна возраст во Москва, во спортскиот центар Спартак. Кога имал 15 години, се преселил во Валенсија каде го усовршил својот тениски талент. Тој сметал дека форхендот е неговиот најдобар удар, а површините на кои најмногу сакал да настапува биле земја и тврд гринсет (). Негов идол за време на неговото растење бил Андре Агаси . Тој ја освоил наградата кам-бек играч во 2007 година.

Во својата кариера освои три титули во сингл ( Валенсија , Палермо и Москва ) и една во двојки. Тој е познат како последниот играч кој го победил Рафаел Надал на оваа површина пред познатата Надалова серија на земја од 81 последователен триумф.

Најголемиот успех го постигна на Гренд слем турнирите на Ролан Гарос во 2007 година кога се пласираше во четвртфиналето откако го победи Маркос Багдатис.

Тој беше член на Дејвис купот на руската репрезентација, во која победи во решавачките натпревари во 2007 година против Чиле и Германија кои репрезентацијата на Русија ги доби со 3:2, со што се пласираше во финалето на Светската група Дејвис куп во 2007 година.

2013 година објави повлекување од професионалниот тенис, наведувајќи ги бројните повреди како главна причина што довела до оваа одлука.

Во април 2018 година тој беше назначен за селектор на ФЕД Купот на руската репрезентација по повлекувањето на Анастасија Мискина од таа позиција.

Приватен живот Таткото на Игор, Валериј е стопанственик, а неговата мајка Марина е домаќинка. Тој има еден помал брат, Никита, кој исто така игра тенис. Хокејот се издвојува од своето хоби и неговиот омилен тим е ХК Динамо Москва. Тој зборува на три јазици: руски, англиски и шпански.

Андрејев беше во долга врска со руската тенисерка Марија Кириленко, и заедно тие неколку пати настапија на гренд слем турнирите во конкуренција на мешани двојки.

АТП финале

Синглови: 9 (3-6) Легенда Грен слем турнири (0-0) Завршно сезонско првенство (0-0) АТП-Мастерс 1000 (0-0) АТП 500 (0-0) АТП 250 (3-6) Финали на подлога Тврда (0-1) Земја (2-5) Трева (0-0) Тепих (1-0) Финалиња според локација Отворено (2-6) Сала (1–0) Исход Бр. датум Турнир Подлога Противник Резултатот Финалист 1 11 јули 2004 година Гштад, Швајцарија Земја Роџер Федерер 2–6, 3–6, 7–5, 3–6 Финалист 2 19 септември 2004 година Букурешт, Романија Земја Хосе Акасусо 3–6, 0–6 Победник 1 10 април 2005 година Валенсија, Шпанија ЗемјаДавид Ферер 6–3, 5–7, 6–3 Финалист 3 18 септември 2005 година Букурешт, Романија (2) Земја Флоран Сера 3–6, 4–6 Победник 2 2 октомври 2005 година Палермо, Италија Земја Филипо Воландри 0–6, 6–1, 6–3 Победник 3 16 октомври 2005 година Москва, Русија Тепих (с)Никола Кифер 5–7, 7–6 (7–3), 6–2 Финалист 4 14 јануари 2006 година Сиднеј, Австралија ТврдаЏејмс Блејк 2–6, 6–3, 6–7 (3–7) Финалист 5 13 јули 2008 година Гштад, Швајцарија (2) Земја Виктор Ханеску 3–6, 4–6 Финалист 6 20 јули 2008 година Умаг, Хрватска Земја Фернандо Вердаско 6–3, 4–6, 6–7 (4–7)

Парови: 2 (1-1) Легенда Гренд слем турнири (0-0) Завршно сезонско првенство (0-0) АТП-Мастерс 1000 (0-0) АТП 500 (0-0) АТП 250 (1-1) Финалиња по подлога Тврда (0-0) Земја (0-0) Трева (0-0) Тепих (1-1) Финалиња според локација Отворено (0-0) Сала (1-1) Исход Бр. датум Турнир Подлога Партнер Противници Резултатот Победник 1 17 октомври 2004 година Москва, Русија Тепих (с) Николај ДавиденкоМахеш БупатиЈонас Бјеркман 3–6, 6–3, 6–4 Финалист 1 16 октомври 2005 година Москва, Русија Тепих (с) Николај ДавиденкоМакс МирниМајкл Јужни 1–5, 1–5

Други финалиња

Тимски натпревари: 2 (0–2) Исход Бр. Датум Турнир Подлога Партнери Противници Резултатот Финалист 1 30 ноември - 2 декември 2007 година Дејвис куп, Портланд, САД Тврда (с)Николај ДавиденкоМајкл ЈужниДмитриј ТурсуновЕнди РодикЏејмс БлејкМајк БрајанБоб Брајан 1–4 Финалист 2 24 мај 2008 година Екипно првенство, Диселдорф, Германија Земја Мајкл Јужни Дмитриј Турсунов Робин СедерлингТомас Јохансон Роберт Линдстед 1-2

Користена литература

Надворешни врски

Игор Андрејев на АТП Игор Андрејев на мрежното место на ИТФ Игор Андрејев на мрежното место Дејвис куп

Категорија:Луѓе од Москва Категорија:Руски тенисери Категорија:Родени во 1983 година Категорија:Живи луѓе