Tenthredo mesomela е вид на растителна оса од семејството Tenthredinidae (обични пиласти оси), потсемејство Tenthredininae.
Опис Tenthredo mesomela може да достигне должина од околу 10-15 милиметри. Овие оси имаат жолто до јаболко зелена боја на телото, со црна глава, градниот кош и горниот дел на стомакот, додека пронотумот и скутелумот се жолти. Тие се разликуваат од многу слични видови на родот Rhogogaster според позицијата на очите и според нивните црни птеростигми (видовите Rhogogaster имаат зелена птеростигма).Aramel.free.frNaturespot
Возрасните единки може да се сретнат од мај до јули, и се хранат со мали инсекти и со нектар и полен од цвеќиња (особено од видовите штитоцветни). Ларвите се хранат ноќе со лисја од видови на лутиче) и видови на подворка.
Живеалиште Овој вид може да се најде на ливадите, покрај патиштата и на шумските рабови во поголемиот дел од Европа. Видот може да се сретне во западниот дел на Македонија.Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 208-209
Наводи
Категорија:Растителни оси Категорија:Инсекти на Македонија Категорија:Таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј