Гуангдонг или Гуангдунг (кинески:|广东 / 廣東}}; или Кантон или Квангтунг) ― покраина на југоистокот на Кина. Главен град на покраината е Гуангџоу, а значаан е и индустрискиот град Шенџен. Старото име на оваа покраина и нејзиниот главен град е Кантон.

Покраината има површина од 187.800 km2Текст на горниот индекс и 95.440.000 жители (податок од 2008 година). Во 2005 година во покраината живеело 79 милиони стални жители и 31 милион мигранти. По тоа Гуангдунг е кинеска покраина со најголем број на жители (Хенан има најмногу стални жители). И по БДП Гуангдонг е прв во Кина со (522 милијарди долари во 2008 година).

Должината на крајбрежјето на Јужнокинеското Море која припаѓа на оваа покраина е 4.300 километри. Најважна река е Бисерна река. Во нејзината делта покрај најголемите градови во покраината се наоѓаат и Макао и Хонгконг.

Климата во ова подрачје е влажна суптропска.

Поврзано Административна поделба на Кина Покраини во Кина

Наводи

Надворешни врски

Статистички годишник

Категорија:Административна поделба на Кина *