Полица — археолошко наоѓалиште во охридското село Горно Лакочереј. Претставува населба од среден век. На 1 км северозападно од селото, на крајната тумба од месноста Ќерија, на зарамнето плато, порано обработувано а денес пошумено, се гледаат остатоци од ѕидови градени од кршен камен и варов малтер. По површината на платото се среќаваат фрагменти од покривни ќерамиди и друг градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 246, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Горица — населба и некропола од римското време; Полица — средновековна населба; Ќерија - Долчиња — населба од доцноантичкото време; Горно Лакочереј; Список на археолошки наоѓалишта во Охридско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Горно Лакочереј