мини|Андорскиот универзитет Андорскиот универзитет () - јавна установа за високо образование создадена во 1988 година, и првиот универзитет во Андора. Универзитетот се состои од Колеџ за здравствени и образовни науки, Колеџ за бизнис и технологија и Колеџ за е-учење и доживотно учење.
Универзитетот е член на мрежата Вивес,Virtual and tangible goals with a Pyrenean flavour, статија од 10 март 2006 година од „Times Higher Education“ Здружението на европски универзитети, Меѓународното здружение на универзитети. Почнувајќи од 2018 година, приближно три четвртини од финансиите на универзитетот дошле од државата Андора.
Во текот на академската 2018-2019 година, Универзитетот во Андора ја прославил својата 30-годишнина со затворање на временска капсула со документација и секојдневни предмети од 2018 година. Временската капсула не може да се отвори до академската 2088-2089 година, совпаѓајќи со нејзината стогодишнина.
Наводи
Надворешни врски
За Универзитетот од службената мрежна страница Извештај за активност од службената мрежна страница
Категорија:Универзитети во Андора