мини|Печат на првиот непалски крал Притви Нарајан Шах на кој е испишана 1685 г. според сачката ера (1763 г. по грегоријански). Индиски национален календар, понекогаш наречен шаливахански сачки календар — календар во употреба во Индија заедно со викранмскиот календар и широко застапениот грегоријански календар. Често се среќава во државниот службен весник, во вестите, Сеиндиското радио и службените дописи на Владата на Индија. Создаден е со одлука на посебна комисија, која разгледувала голем број индиски календари и имала за цел да утврди еден календар за обединета и независна индија. Календарот стапил на сила во 22 март 1957 г. по грегоријански.

Сачкиот календар се користи и во други краишта поради индиското влијание низ историјата. Такви места се островите Јава и Бали, каде е во употреба меѓу индонезиските хиндуисти. Сачката нова година на Бали се слави како празникот Њепи („Ден на тишината“). Непалскиот календар води потекло од сачкиот. Сачкиот календар се користел и во неколку подрачја на денешните Филипини, за што сведочи Лагунскиот бакрорезен натпис — единствениот стар првоизворник за хиндуизмот во земјата.

Поимот може да се однесува и на хиндуистичкиот календар; шаливаханската ера неретко се користи и во други календари и има сончеви години.

Месеци Календарските месеци ги следат знаците на тропскиот зодијак наместо вообичаениот ѕвезден зодијак во хиндуистичкиот календар. Бр. Име(санскрит) Бр. наденови Почеток(грегоријански) Знак1чаитра30/3122/21 мартовен 2вајшака3121 априлбик 3 џјешта 31 22 мај близнаци 4 ашада 31 22 јуни рак 5 шравана 31 23 јули лав 6баадра 31 23 август девица 7 ашвин 30 23 септември вага 8 картика 30 23 октомври скорпија 9 аграхајана 30 22 ноември стрелец 10 пауша 30 22 декември јарец 11 мага 30 21 јануари водолија 12 палгуна 30 20 февруари риби

Првиот месец во годината чаитра има 30 дена и почнува на 22 март, освен во престапна година, кога има 31 ден и почнува на 21 март (грегоријански). Сите месеци во првата половина на годината имаат по 31 ден земајќи го предвид побавното движење на Сонцето по еклиптиката во тој период.

Месеците имаат имиња изведени од постари хиндуистички месечево-сончеви календари; оттука постојат правописни разлики, и со тоа можност да се помеша припадноста на месецот во даден календар.

Првиот ден од седмицата е равивара (недела). Според официјалниот календар кој го води државната управа, седмицата трае од недела од сабота.

+Денови во седмицата според сачкиот календарДенСачкиГрегоријански0равиваранедела1сомварапонеделник2мангалаваравторник3будаварасреда4брахаспативарачетврток5шукраварапеток6шаниварасабота

Годините се сметаат според сачката ера, која почнува од нулта година, што соодветствува на 78 г. од нашата ера. Престапните години се истите како грегоријанските.

Поврзано Хиндуистички календар Викрамска ера Сачка ера Бенгалски календар — сроден на индскиот Персиски календар Коламска ера од малајалскиот календар Тамилски календар

Наводи

Извори Saha, M. N. (Chairman) (1955) Report of the Calendar Reform Committee New Delhi: Council of Scientific and Industrial Research

Надворешни врски Индиски национален календар Индиски календари. PDF, 1,22 Мб) Положбена астрономија во Индија

Категорија:Индиска култура Категорија:Календари Категорија:Појавено во 1957 година Категорија:Сончеви календари