Кантон Вале или Валис (скратеница VS; , ) – кантон на југозапад на Швајцарија. Главен град е Сион.

Природни одлики Кантонот Вале се наоѓа во долината на горна Рона, до нејзиното устие во Женевското Езеро. Оваa долина е столбот на кантонот. На југ и запад се граничи со Италија и Франција. Највисок врв е Поант Дифур со 4.634 метри, а кантонот има 50 врвови повисоки од 4.000 метри. Површината на кантонот е 5.224,5 км2, што е 10% од површината на Швајцарија. Тука се наоѓа знаменитиот ледник Алеч, превојот Симплон и врвот Матерхорн. Познати се зимските центри Кранс-Монтана и Цермат.

Историја мини|290 п|д|Окрузи на кантонот Вале Овој кантон-република ѝ се придружил на Швајцарската Конфедерација во 1815 година, после Виенскиот конгрес, иако со неа бил во посебни врски од 1529 година.

Окрузи Бриг - седиште Бриг-Глис, Вестлих Рарон - седиште Рарон, Висп - седиште Висп, Гомс - седиште Минстер-Гешинен, Ерен - седиште Еволен, Естлих - седиште Мерил-Филет, Конте - седиште Конте, Лојк - седиште Лојк, Мартињи - седиште Мартињи, Монте - седиште Монте, Онтремон - седиште Сомбранше, Сен-Морис - седиште Сен-Морис, Сијер - седиште Сијер/Зидерс, Сион - седиште Сион.

Население и населби Кантонот Вале во 2008 година имал 303.241 жител.

Кантонот е двојазичен. Се зборува француски (72,8%) и германски јазик (27,1%), или попрецизно дијалекти од овие јазици. Преку 90% од жителите се католици.

Најголеми градови се: Сион, 28.871 жител - главен град на кантонот Монте, 15.991 жител. Сијер, 15.405 жители. Мартињи, 15.374 жители. Бриг-Глис, 11.902 жители.

Стопанство Главни стопански грански се винарството, туризмот и производство на електрична енергија во хидроелектрани. Вале е еден од најсиромашните швајцарски кантони.

Галерија слика

Наводи

Надворешни врски www.vs.ch официјално семрежно место на кантонот Вале

Вале

Категорија:Држави и територии настанати во 1815 година