„Момче, чаша пиво!...“ (француски: Garçon, un bock !...) — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан, првпат објавен на 1 јануари 1884 година. Авторот му го посветил расказот на Жозе Марија Ередија.„Момче, чашу пива!“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 107. десно|мини| Ги де Мопасан Содржина Една вечер, раскажувачот влегува во една пивница и до себе здогледува непознат алкохоличар, сиромашен, извалкан и неуреден. По инерција го поздравува, а непознатиот го поздравува, претставувајќи се како грофот Жан де Баре, неговиот дамнешен школски другар. Изненаден, раскажувачот го прашува за причините за неговата бедна состојба, а грофот ја започнува својата приказна: кога имал 13 години, додека престојувал во замокот на своите родители, тој бил сведок на сцената во која татко му се обидувал да изнуди пари од мајка му, а кога таа го одбила, тој се нафрлил врз неа и започнал да ја тепа. За тоа време, Жан бил скриен во една грмушка, а потоа побегнал во шумата. Вечерта, таму го пронашол чуварот на замокот и го донел дома. Тогаш, тој потполно се изменил и повеќе немал волја за живот.„Момче, чашу пива!“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 107-115.
Наводи
Категорија:Раскази на Ги де Мопасан