Тони Јаневски (, ) – македонски универзитетски професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Животопис Тони Јаневски е роден во Скопје во 1972 година. дипломирал, магистрирал и докторирал на Електротехничкиот факултет во Скопје во 1996, 1999 и 2001 година, редоследно. Во периодот од 1996 до 1999 година како главен инженер во Мобимак (денес „Македонски Телеком“) учествувал во дизајнирањето и имплементација на првата мобилна јавна мрежа во Република Македонија. На Факултетот е вработен како асистент во 1999 година. Во 2001, тој бил избран во звањето доцент, во 2005 година во звањето вонреден професор, а во 20хх во редовен професор. Во текот на 2001 година работел како гостин-истражувач во истражувачкиот центар Watson на претпријатието IBM во Њујорк. Во наставата предава предмети од областа на телекомуникациите на додипломски и на магистерски студии, поконкретно предмети за интернет технологии, комутација и рутирање, дизајн и моделирање на телекомуникациски мрежи и за безжични IP мрежи.

Награди Награда „Гоце Делчев“ во 2012 година за трудот „Комутација и рутирање”, објавен во 2011 година.

Наводи

Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Професори на ФЕИТ Категорија:Добитници на наградата „Гоце Делчев“