Macrophya sanguinolenta е вид на растителна оса во семејството Tenthredinidae.
Живеалиште Географската распространетост на оваа оса е: Европа и Северна Африка. Во Македонија се среќава во Маврово.Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 231
Биологија Возрасните единки достигнуваат должина од 8-9 милиметри. Главата им е црна, горната усна црна понекогаш со бела дамка. Антените црни. Градите црни, Крилата стаклесто провидни, жилките кафеави, стигмата жолтеникава. На нозете коксите црни, задните кокси со голема бела дамка, фемурите, фемурите и тибиите на задните нозе црвени, црни на врвот, тарзите црни. Абдоменот црн.
Ларвите достигнуваат должина од 15 мм. Главата бледожолта со црна линија од горната страна. Телото дорзално сивозелено, од долната страна посветло, од страните потемно. Тие се развиваат во периодот од јули до септември на растенијата од родовите Galeopsis и Senecio, а возрасните се среќаваат во периодот мај-август.
Наводи
Категорија:Растителни оси Категорија:Инсекти на Македонија Категорија:Таксони опишани од Карл Линеј