Железничка линија Солун-Битола – железничка пруга долга 219 км која го поврзува пристанишниот град Солун во Грација со Битола, преку Бер, Воден, Суровичево и Лерин. Линијата била отворена во јуни 1894 година под името Société du Chemin de Fer ottoman Salonique-Monastir („Отоманско железничко друштво Солун-Битола“), кога подрачјето било дел од Османлиското Царство. Делницата од границата до Битола од 2013 до 2019 година не била во функција. Во 2019 година е обновена делницата Битола-Кременица, но и по нејзиното реновирање не е воспоставен меѓународен возен сообраќај преку неа.
Историја Идејата за трансмакедонска железничка линија постоела уште од 1850-тите години. Во јануари 1859 година бил потпишан Меморандум за изградба на пругата Солун-Битола. Кримска војнаКримската војна го нарушила плановите, а по нејзиното завршување приоритет им бил даден на пругите Солун-Митровица и Солун-Деде Агач (Тракија). На 28 октомври 1890 година отоманската Висока порта ѝ дала концесија на Дојче банк за изградба на пруга како огранок од „Ориенталните железници“ (Chemins de fer Orientaux) со можност за понатамошно продолжување до албанско пристаниште.Georges Young: Corps de droit Ottoman,Oxford Clarendon Press, 1906. See page 118: Chapter C
Била формирана отоманска компанија „Отоманска железничка компанија Солун-Битола“ (Société du Chemin de Fer ottoman Salonique-Monastir) чие седиште било во Цариград. Градежните работи започнале во мај 1891 и биле завршени во јуни 1894 година. До крајот на мај 1893 година, трасата била изведена до Воден, а дел до гратчето Тошин била предадена за експлоатација. Остатокот бил потежок дел заради својата ридеста и планинска конфигурација. Најголем предизвик била висинската разлика меѓу станиците Воден (31 метар надморска висина) и Бладова (481 метар надморска висина) на далечина од само 12 км воздушна линија. Исто така се граделе 13 тунели и неколку вијадукти. По завршувањето, линијата им била дадена на експлоатација на „Ориентални железници“ кои веќе работеле и со линиите до Солун до Митровица и Врање.
По завршувањето на Балкански војниБалканските војни во 1913 година, линијата ѝ припаднала на Грција освен последните 17 км до Битола кои завршувале во СХСКралството на Србите, Хрватите и Словенците. Грчката влада го купила грчкиот дел на 17 октомври 1925Le Journal des finances, 15 janvier 1926 (на француски) и тој станал дел од Грчките железници.
Галерија
Наводи
Категорија:Железнички пруги во Македонија Категорија:Железнички пруги во Егејска Македонија