Авиоимпекс — поранешна македонска авиокомпанија со седиште во Скопје.

Историја

Компанијата била формирана како „Интеримпекс-Авиоимпекс“ во септември 1992 година. Авиокомпанијата го сменила името во Авиоимпекс на 2 ноември 1999. Во септември 2002 година Агенцијата за цивилно воздухопловство ја одзела лиценцата за работа на Авиоимпекс поради финансиски потешкотии.

Одредишта Компанијата организирала летови од Скопје и Охрид, но со главен осврт со летови кон Швајцарија (Цирих).

Флота Флотата на Авиоимпекс ја сочинувале 11 авиони: 1 Мекдонел Даглас DC-9Avioimpex at rzjets.com, retrieved 13-12-2014 5 Мекдонел Даглас MD-80 3 Туполев Ту-154 2 Јаковлев Јак-42

Инцидент На 20 ноември 1993, Јаковлев Јак-42 (Лет 110) на Авиоимпекс се срушил во билизна на охридскиот аеродром. Авионот се враќал за Скопје од Женева, но бил пренасочен да слета на аеродромот во Охрид поради лошите временски услови на скопскиот аеродром.Plane Crash Kills 115 in Macedonia

При доближување до аеродромот, авионот се удрил во рид во атарот на селото Тројани во непостредна близина до аеродромот. Осумчлениот екипаж и 108 патници го загубиле својот живот. Летот првично го преживеал еден патник кој подоцна подлегнал на повредите на 1 декември.

Наводи

Надворешни врски

архивиран официјален портал на Авиоимпекс

Категорија:Авиопревозници од Македонија Категорија:Појавено во 1992 година во Македонија Категорија:Престаноци во 2002 година во Македонија Категорија:Поранешни организации во Македонија