Св. Петар — археолошко наоѓалиште во прилепското село Варош. Претставува осамен наод од римското време.
Местоположба
Делови од наодите се наоѓаат во црквата „Св. Петар и Павле“ во Варош.
Опис
Во северниот ѕид на црквата е вѕидан дел од надгробна плоча на која во горниот дел се гледа розета и под неа шест човечки фигури што стојат, релјефно претставени. Пред црквата лежи горен дел од поголема ара која на предната страна има делумно зачуван релјеф на кој се претставени двајца мажи и една жена простум, а десно од нив жена што седи. Во ѕидовите на црквата се вградени уште неколку делови од архитектонска пластика.
Поврзано Бревчина — населба од римското време; Заград — населба од железното време; Кабања — населба од римското време; Калдрма — некропола од железното и хеленистичкото време; Куќата на Ѓошеви — депо од бронзеното и железното време; Куќата на Мантови — некропола од бронзеното време; Манастир Св. Архангел Михаил — осамен наод од римското време; Маркови Кули — средновековна тврдина; Мечкина Дупка — некропола од хеленистичкото време; Падарница — некропола од римското време; Под Кули — некропола од хеленистичкото време; Попадин Дол — некропола од железното време; Св. Атанас — осамен наод од римското време и средновековна населба и некропола; Св. Варвара — средновековна црква; Св. Врач — средновековна црква; Св. Димитрија — осамен наод од римското време; Св. Ѓорѓија — средновековна црква; Св. Јован — осамен наод од римското време и средновековна црква со некропола; Св. Никола — осамени наоди од римското време и средновековна црква со некропола; Св. Харалампија — осамен наод од римското време и средновековна црква; Светец — некропола од бронзеното време; Сивастоец — средновековна некропола; Слон — населба од бронзеното време; Ташачица — населба и некропола од доцноантичкото време и средновековна населба; Црква 13 — осамен наод од римското време и средновековна црква со некропола; Црква 14 — средновековна црква; Црква 15 — средновековна црква; Црква 16 — средновековна црква и некропола; Бањиште — праисториска населба и античка бања; Бегова Нива — некропола од железното време; Куќа на Цилкоски — гроб од железното време; Маркови Кули-Градина — некропола од доцноантичко време и средниот век; Маркови Кули-Карпесто Живеалиште — праисториско карпесто живеалиште; Песјобрдце — доцноантичка населба; Роклејца — доцноантичка населба; Варош; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Категорија:Варош