десно|мини| Замокот на Маврите со палатата Пена во позадина, целиот дел од Сера де Синтра. Природниот парк Синтра-Каскаис ― парк на португалското крајбрежје, еден од 13-те природни паркови на Португалија. Иако бил основан во 1994 година како природен парк од португалската власт, тој е заштитен од 1981 година. Неговата површина е приближно 145 км2. Паркот го опфаќа планинскиот венец Сера де Синтра, но се протега сè до крајбрежјето и Кабо да Рока, најзападната точка на континентална Европа. Го содржи замокот на Маврите. Се наоѓа на растојание од 25 км од Лисабон, природниот парк Синтра-Каскаис е популарна област за туризам, со многу различни поединечни историски и природни места и знаменитости. Синтра и Каскаис се градови и општини на лисабонскиот/есторилскиот брег.

Знаменитости во рамките на паркот

Анта де Адренунес Азењас до Мар Кабо да Рока Замокот на Маврите Шале и градина на грофицата од Едла Манастир на капучите Кресмина Синтарска палата Пенски дворец Праја до Гвинчо (Гвинчова плажа) Монсератски дворец Регалеирски дворец Рибафриски дворец Рамалхалски дворец Пенињско светилиште Палатата Сетеаис

Фото галерија

Надворешни врски

Службена страница на (португалскиот) Институт за зачувување на природата (португалски јазик)

С