Градиште — археолошко наоѓалиште во прилепското село Кокре. Претставува населба од доцноантичко време.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа на 1,5 километри источно од селото, на едно зарамнето плато.
Опис
На наоѓалиштето се среќаваат остатоци од утврдена населба и тоа грамади од кршен камен и фрагменти од керамички садови.
Поврзано Грамаѓе — населба од доцноантичкото време; Корита — средновековна некропола; Спасица — светилиште од римското време; Црква Св. Архангел — средновековна некропола; Коњарник — утврдена населба од доцноантичко време; Кокре; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Категорија:Кокре