Грамаѓе — археолошко наоѓалиште во прилепското село Кокре. Претставува населба од доцноантичко време.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа на околу 500 метри источно од селото и 500 метри западно од наоѓалиштето Градиште, на една блага падина што се спушта кон Кокречка Река.
Опис
На наоѓалиштето се гледаат грамади од кршен камен, а спорадично има и фрагменти од керамички садови.
Поврзано Градиште — утврдена населба од доцноантичкото време; Корита — средновековна некропола; Спасица — светилиште од римското време; Црква Св. Архангел — средновековна некропола; Коњарник — утврдена населба од доцноантичко време; Кокре; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Категорија:Кокре