мини|Знамето на Разловечкото востание Знаме на Разловечкото востание — знаме кое било изработено за Разловечкото востание.
Димитар Беровски, главниот иницијатор и организатор на востанието, им порачал на двете учителки од Солун, Недела Петкова и Станислава Караиванова, кои биле мајка и ќерка, да изработат знаме за идното востание. Знамето било со димензии 186 х 165 сантиметри, било изработено на жолта подлога со разјарен црвен лав, и на него пишувало: Македонија (МАКЕДОНIЯ). Подоцна, по избувнувањето на востанието, во Разловци, на знамето било дополнително извезено Станете да ви освобода.
Поврзано Разловечко востание Список на знамиња на Македонија
Наводи
Категорија:Знамиња на Македонија