Ромски музеј на Гордон Босвел () — музеј посветен на животното дело на Гордон Босвел (починал на 27 август 2016), кој собрал збирка од артефакти, фотографии и неколку примери од ромскиот вагон Вардо. Музејот исто така располага со неколку превозни средства коишто не се ромски, вклучувајќи и погребна кола прдвижувана од коњ. Сместен е во Спалдинг во Линколншир, Англија.

Заднина Изградбата на мостови за неромското население била традициона во Босвеловото семејство. Неговиот прадедо бил важен извор на информации за ромските обичаи и јазик за викторијанските академици, меѓу кои и Џорџ Бороу. Босвеловиот татко Силвестер во 1970 година го објавил автобиотграфското дело „Кника на Босвел (англиски: The Book of Boswell), во којашто е опишан ромскиот живот. Гордон Босвел постепено собирал вагони, коли и други артефакти за ромскиот живот низ годините. Музејот во коишто овие предмети се изложени бил отворен на 25 февруари 1995 година.

Пристап Музејот е отворен во петок, сабота, недела и банкарските празници во периодот од Велигден до крајот на октомври секоја година. Пристап е овозможен до сите изложени предмети и за лицата со посебни потреби. Влезот е бесплатен. Музејот користи еден од вагоните за организирани обиколки на околната крајбрежна рамнина Фенланд.

Поврзано Вардо Роми во Англија

Наводи

Надворешни врски Службена мрежна страница

Категорија:Музеи во Англија Категорија:Ромска култура Категорија:Роми во Англија