Атанасие Иванов (или Атанас Иванов) ― католички свештеник од источен обред и парох и основач на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица.
Биографија
Атанасие (Атанас, Атанасиј) Иванов бил роден на 24 март 1883 година во унијатско семејство во село Алексово, Кукушко, во тогашната Отоманска Империја. Во Солун завршил три години богословско училиште и на 2 јули 1910 година, владиката Епифанј Шанов го ракоположил за свештеник и бил поставен за управител на црквата „Свети Антониј“ во село Лелово.
За време на Втората балканска војна, во јули 1913 година, кога грчката војска упаднала во градот Кукуш, тој, зедно со неговото семејство и група верници од источно католичка вероисповед избегале од Кукушко кон Софија, каде биле згрижени од бугарскиот архиепоскоп Роберт Менини, во месното католичко училиште. Бидејќи најголемиот дел од неговите верници се преселиле кон Струмичко, на 10 март 1914 година, тој се преселил во селото Нова Маала, каде ја основал парохијата при црквата „Успение на Пресвета Богородица“.
На 18 јануари 1923 година, тој се преселил во Струмица, а на 29 јули 1924 година, тогашниот владика на крижевската епархија Дионизиј Њаради, со декрет број 849, го именувал отец Атанасие Иванов за водител на источно католичката заедница во Струмица. Таа година, литургиите ги служел во мала капела во неговиот дом, сè до почетокот на 1925 година, кога почнала изградбата на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица. Прв парох во оваа енорија бил отец Атанасие Иванов.
Светата Столица на отец Атанасие Иванов му доделила почесна титула Монсињор на 23 декември 1961 година.
На 2 февруари 1962 година бискупот д-р Габриел Букатко,Католичка хиерархија титуларен бискуп на Северијана,Католичка хиерархија, Северијана го именувал отец Атанасие Иванов за декан на Деканатот „Св. Кирил и Методиј“, на која положба останал до својата смрт на 11 април 1973 година.
Наводи
Категорија:Католицизмот во Македонија Категорија:Македонски католици Категорија:Христијанството во Струмица Категорија:Луѓе од Алексово Категорија:Починати во Струмица Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Родени во 1883 година Категорија:Починати во 1973 година