Никола Ивков Кукуновски ( во ― во ) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Израснат е во сиромашно семејство. Се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада која водела огорчени борби против балистичките банди и силни германски моторизирани единици, што се повлекувале од Грција на север низ Качаничката Клисура. Учествувал во борбите за ослободувањето на Скопје, а потоа ја продолжил борбата на Косово, против заостанатите балистички групи. По успешно извршените задачи со Бригадата заминал за Срем. Бил учесник во големиот пробив на германските позиции на 12 април 1945 година кај Шид - Товарник. Во тие борби тој и загинал. Бил закопан кај Товарник на борбената позиција.
Поврзано
Божин Кукуновски
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ