1 Солуњаните 1 — првата глава на Првото послание до Солуњаните од Новиот завет на Библијата. Негов автор е Апостол Павле, кој веројатно го напишал во Коринт околу 50-51 г. и е упатен кон црквата во Солун, Македонија. Оваа глава содржи предговор во кој Павле ја искажува благодарноста кон солунските верници.
Текст Изворниот текст можеби е напишан на коински грчки јазик. Главата е поделена на 10 стиха.
Ракописно сведоштво Еве некои рани раскописи во кои се содржи текстот на оваа глава:
Папирус 46 (о. 200) Папирус 65 (III век) Ватикански ракопис (325–350) Синајски ракопис (330–360) Александриски ракопис (400–440) Ефремов ракопис (о. 450; постоечки стихови 2–10) Фриеров ракопис (о. 450; постоечки стихови 1–2, 9–10) Клермонтски ракопис (о. 550)
Предговор Во воведниот дел на писмото се споменува испраќачите, примачите, се испаќа поздрав и се пожелиува здравје и среќа.
Стих 1 Од Павле, Силван, and Тимотеј, До црквата на Солуњаните во Бог Отецот наш и во Господ Исус Христос: благодат вам и мир од Бог Отецот и Господ Исус Христос.1 Солуњаните 1,1, Стандардна библија на македонски, 2006 г. Испраќачите се претставуваат овде, како и во 1 Солуњаните 3,1-10. Примач е „црквата (соборот) на солуњаните (која е) во Бог Отецот наш и во Господ Исус Христос“, со што авторот ја воведува темата на групна припадност во целото послание.
Благодарност (1,2–10) Овој дел се состои од една долга реченица во која Павле вообичаено искажува благодарност во сите негови посланија по предговорот, со исклучок на Галатјаните.
Стихови 2–4Секогаш Му благодариме на Бога за сите вас, сеќавајќи се на вас во молитвите наши, непрестајно, го споменуваме делото на вашата вера, трудот на вашата љубов и истрајноста во надежта ваша во нашиот Господ Исус Христос пред Бога и Отецот наш. Знаеме, возљубени браќа од Бога, дека сте избрани,1 Солуњаните 1,2-4 Делото на верата, делото на љубовта и истрајноста на надежта е исказ за тројство на верата, кое често се јавува во Павловите и подоцнежните посланија од Новиот завет (1 Солуњаните 5,8; Римјаните 5,1-5; 1 Коринтјаните 13,13; Галатјаните 5,5-6; Ефесјаните 4,2-5; Колосјаните 1,4-5; Евреите 6,10-12; 10,22-4 и 1 Петар 1,3-8), кое станува својоствено на Христовите следбеници, не само како теолошки доблести, туку особени одлики на групен идентиет, за солуњаните да можат да се маречат „луѓе кои се одликуваат со вера (во Христа), љубов и надеж“.
Стихови 9–10 Впрочем, верниците сами разгласуваат за нас, за нашето доаѓање кај вас, и како од идолите се обративте кон Бога за да Му служите на живиот и вистински Бог, и да Го очекувате од небесата Неговиот Син, Кого Тој Го воскресна од мртвите, Исус, Кој нѐ избавува од гневот што доаѓа.''1 Солуњаните 1,9-10
„Да Го очекувате од небесата Неговиот Син“: следејќи го Павловото верување дека Исус Христос, кој е Син Божји, се овоплотил и неговата човечка природа страдала, па умрела за гревот на човештвото; Бог Отецот го воскреснал од мртвите и го вознел во небесата, каде сега престојува додека не дојде времето за да се исправат сите нешта, кога ќе се врати и праведно ќе му суди на светот. Затоа, верниците во Солун треба да го очекуваат, и со верба да го чекаат да им донесе вечна слава и среќа. „Исус, Кој нѐ избавува од гневот што доаѓа“: бидејќи верниците се оправдуваат со крва и праведноста на Исус Христос, тие ќе бидат избавени од сите казни на овој свет и свеот кој претстои.John Gill's Exposition of the Entire Bible – 1 Thessalonians 1:10
Поврзано Мисијата на Апостол Павле во Македонија Ахаја Поврзани библиски глави: Матеј 3, Дела 1, Дела 4, Откровение 3
Наводи
Библиографија
Надворешни врски Глава 16 од Делата на светите апостоли — Стандардна библија на македонски, 2006 г. Глава 1 од македонска аудиокнига „Прво послание до Солунјаните на св. апостол Павле“ на YouTube
01