Сојузната држава Ондо ― држава во југозападна Нигерија. Создадена во февруари 1976 година од поранешната Западна сојузна држава, државата Ондо се граничи со државата Екити (формално дел од државата) на север, државата Коги на североисток, државата Едо на исток, државата Делта на југозапад, државата Осун на северозапад, и Атлантскиот Океан на југ. Главен град на државата е Акуре, поранешна престолнина на античкото Кралство Акуре.
Под прекарот „Држава на изгрејсонцето“, државата Ондо е 18-та по големина држава во земјата. Државата е претежно јорупска, и најчесто се зборува на јорупски јазик. Државната економија е доминирана од нафтената индустрија, при што производството на какао, експлоатацијата на асфалт и активностите што се користат во големото крајбрежје на државата исто така служат како главни економски фактори.
Власт и општество Државата содржи осумнаесет локано самоуправни области, а најголемите се Акоко, Акуре, Окитипупа, Ондо, Илаје и Ово. Мнозинството граѓани на државата живеат во урбани центри. Големите владини универзитети во државата Ондо се Акурскиот сојузен универзитет за технологија, Ондовскиот државен универзитет за наука и технологија, Ондовскиотуниверзитет за медицински науки и Универзитетот „Адекунле Аџасин“ во Акунгба Акоко.
Области на локална самоуправа Државата Ондо се состои од 18 области на локалната самоуправа, тие се:
Акоко Север-Исток (седиште во Икаре) Акоко Север-Запад (седиште во Океагбе) Акоко Југ-Исток (седиште во Исуа) Акоко Југ-Запад (седиште во Ока) Акуре Север (седиште во Иџу/Итаогболу) Акуре Југ (седиште во Акуре) Есе Одо (седиште во Игбекебо) Иданре (седиште во Овена) Ифедоре (седиште во Игбара Оке) Илаџе (седиште во Игбокода) Иле Олуџи/Океигбо (седиште во Иле Олуџи) Иреле (седиште во Оде-Иреле) Идигбо (седиште во Оре) Окитипупа (седиште во Окитипупа) Ондо Исток (седиште во Болорундуро) Ондо Запад (седиште во Ондо) Осе (седиште во Ифон) Ово (седиште во Ово)
Етнички групи Етничкиот состав на државата Ондо е во голема мера од јорупски подгрупи на народите Акоко, говорниците на јазикот Едо, Акуре, Икале, Илаџе, Ондо и Ово. Народот Иџау, како што се населенијата на Апои, Фурупага и Арогбо, живеат во крајбрежните области, а голем број луѓе од државата Ондо кои зборуваат врста на јорупскиот јазик сличен на дијалектот во Ифе кои живеат во Оке-Игбо. Религија: Огромното мнозинство од населението се христијани.
Терциерни установи
Универзитет „Адекунле Аџасин“, Акунгба Акоко Универзитет „Ачиверс“, Ово Адејемов образовен колеџ Универзитет „Елизад“ Сојузен земјоделски колеџ, Акуре Сојузен политехнички, Иле Олуџи Акурски сојузен технолошки универзитет Национален отворен универзитет на Нигерија, Акуре Ондовски државен универзитет за наука и технологија, Окитипупа Политехнички „Руфус Гива“, Ово Универзитет за медицински науки, Ондо Веслиев универзитет за наука и технологија
Наводи
Надворешни врски
ondostatemoi.com
Категорија:Држави и територии настанати во 1976 година Категорија:Сојузни држави на Нигерија Категорија:Координати на Википодатоците