Нетјеркаре Сиптах (исто така Неитикерти Сиптах и можеби легендарната фигура Нитокрис) бил антички египетски фараон, седмиот и последен владетел на Шестата династија. Сепак, некои научници го класифицираат како прв крал на Седмата или Осмата династија.Darrell D. Baker: The Encyclopedia of the Pharaohs: Volume I - Predynastic to the Twentieth Dynasty 3300–1069 BC, Stacey International, , 2008, p. 279–280 Како последен крал на 6-та династија, Нетјеркаре Сиптах според некои египтолози е последниот крал од периодот на Старото кралство.
Нетјеркаре Сиптах кратко владеел на почетокот на 22 век п.н.е., во време кога моќта на фараонот се распаѓала, а на локалните номарси се зголемувала. Иако бил маж, Нетјеркаре Сиптах е најверојатно иста личност со женскиот владетел Нитокрис споменат од Херодот и Манетон.Ryholt, Kim Steven Bardrum. 2000.
Потврди Името Нетјеркаре е испишано на 40-тиот влез од Кралскиот список од Абидос, кралски список изработен за време на владеењето на Сети I. Нетјеркаре е веднаш по Меренре Немтиемсаф II на списокот. Нетјеркаре е потврден и на една бакарна алатка со непознато потекло, што сега се чува во Британскиот музеј.T. G. H. James: A Group of Inscribed Egyptian Tools, The British Museum Quarterly Vol. 24, No. 1/2 (Aug., 1961), pp. 36–43 Името Неитикерти Сиптах е испишано на Кралскиот список од Торино, во 5-та колона, 7-ми ред (4-та колона, 7-ми ред во реконструкцијата на списокот од страна на Гардинер).
Идентификација со Нитокрис Во своите „Истории“, грчкиот историчар Херодот наведува легенда според која египетската кралица Нитокрис се одмаздила за убиството на нејзиниот брат и сопруг од толпа при немири. Таа го пренасочила Нил за да ги удави сите убијци за време на банкетот каде што биле собрани. Оваа приказна е исто така спомената од египетскиот свештеник Манетон, кој напишал историја на Египет наречена Египтијака во 3 век п.н.е. Манетон пишува за Нитокрис дека таа била „... похрабра од сите мажи на своето време, најубава од сите жени, со светла кожа со црвени образи“. Манетон ѝ ја припишува изградбата на Пирамидата на Менкауре.W. G. Waddell: Manetho, London (1940), p. 55–57 Иако убиениот крал не е именуван од страна на Херодот, Нитокрис следи веднаш по Меренре Немтиемсаф II кај Манетонн. Бидејќи кралот што го следи Меренре Немтиемсаф II во кралскиот список од Абидос е „Нетјеркаре“, германскиот египтолог Лудвиг Штерн во 1883 година предложил дека Нетјеркаре и Нитокрис се иста личност.L Stern: Die XXII. manethonische Dynastie, ZAS 21 (1883), p. 23, n. 2.
Наводи
Категорија:Фараони од Шестата египетска династија