Николај Григориевич Холодни (; 22 јуни 1882 - 4 мај 1953) — влијателен микробиолог кој работел на Универзитетот во Киев, Украина во СССР во текот на 30те години на минатиот век.
Тој е познат по Холодни-Вентовиот модел кој го развил независно со Фриц Вармолт Вент од Институтот за технологија во Калифорнија. И покрај тоа што биле поврзани со истата теорија, двајцата никогаш не се сретнале.
Чолодни работел во ботаничката градина Александар Фомин во склоп на Универзитетот во Киев. Тој бил еден од пионерите на концептот дека микробите се лепат на површините. Користел техниката со која прво поставувал стаклени плочки во земјата за измерен временски период, а потоа на микроскоп се испитувале примероците. Прокариот лептотрикс ходлоди бил именуван по него. Во 1927 година, Холодни предложил клетките на колеоптилот најпрво да се поларизираат под влијание на нерамномерна изложеност на светлина, така што хормонот за раст може побрзо да се шири кон страната во сенка отколку во која било друга насока. Вен стигна до истиот заклучок во 1928 година, а имињата на двајцата научници биле прикачени на контроверзната Холдни-Вентова теорија.
Библиографија Избраните дела вклучуваат:
1926 Die eisenbakterien: bieträge zu einer monographie од Н. Холодни 1928 Über eine vermeintliche Anomalie im Wachstumsmodus der Wurzeln von Lupinus albus од Н. Холодни 1932 Lichtwachstumsreaktion und Phototropismus 2 од Н. Холодни 1933 Zum Problem der Bildung und physiologischen Wirkung des Wuchshormons bei den Wurzeln од Н. Холодни 1939 Spezielle Methoden.
Во 1937 година Холодни и Санкевич објавиле статија за влијанието на слабите електрични струи врз растот на колеоптилот во растителната физиологија. Истата година тој објавил напис Чарлс Дарвин и модерната теорија на тропизмите во списанието „Сајанс“.
Наводи
Категорија:Носители на Орденот на Ленин Категорија:Руски ботаничари Категорија:Луѓе од Тамбов Категорија:Починати во 1953 година Категорија:Родени во 1882 година