Ѓуро Блажов Спасовски ( во ― во ) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Произлегува од земјоделско сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Подоцна изучил занает и станал колар. На 25 декември 1944 година по ослободувањето на Македонија, стапил во новоформираната против-авионска артилериска единица на Четириесет и втората дивизија, што била во состав на Петнаесеттиот корпус. Со Бригадата учествувал во ликвидирањето на заостанатите балистички банди на Бујановачкиот терен. По успешно извршените задачи заминал за Земун. Таму завршил тримесечен курс од военостручна настава. Бил учесник во големиот пробив на Сремскиот фронт. На 16 април 1945 година, храбро загинал во jypишoт за ослободување на Врпоље, нагазувајќи на една непријателска мина. Бил закопан во Врпоље, но подоцна посмртните останки му биле пренесени во родното село, Миладиновци.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ