Мирко Алексе Стошиќ ( во — на ) — српски партизан, борец за слобода на Македонија и Југославија и учесник во НОВ.

Животопис Произлегува од селско семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Веднаш по окупацијата на нашата земја се приклучил кон народно ослободителното движење. Од 1942 година, организирано работел и се борел против окупаторот. Во овој период му биле доверени разни задачи, кои успешно ги извршувал. Како резултат на неговата активност, во 1943 година бил примен за кандидат на КПЈ. Потоа, уште позасилено учествувал во решавањето и исполнувањето на посложените задачи, кои му ги поставувала Партијата. Како борец на Јужноморавскиот партизански одред добил задача, заедно со уште неколку соборци да дојде во Скопска Црна Гора, со цел да воспостави врска со партизаните. Но патем во борба против балистите во мај 1943 година, бил заробен, ѕверски мачен и веднаш потоа стрелан. Бил погребан на местото каде што бил стрелан.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ