Санде Перов Урдаревски ( во — ) македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ. лево|мини|Спомен плоча на сите загинати борци во НОВ од селото Чучер-Сандево, меѓу кои и Санде Урдаревски
Животопис Завршил основно училиште во селото. Се занимавал со земјоделство и сточарство. Неговото село мошне рано станало главна база на партизанските одреди. Со тоа станал симпатизер на Народноослободителното движење. Откако добил покана за да го отслужи воениот рок, заминал во редовите на бугарската фашистичка војска. Но, набргу избегал и се приклучил во Сврлишкиот партизански одред. Со одредот учествувал во акциите на просторот меѓу Бела Паланка и Бабушница во Србија. Бил учесник во повеќе борби противбројни окупаторски сили: Германци, четници, Љотиќевци. Подоцна живеел илегално во околните села на Ниш, а потоа во градот. Од големите напорни борби на терен тој тешко оболел. Бил префрлен на лечење во болница. Таму му ја ампутирале ногата, за да го спасат, но здравјето не му се подобрувало, по што починал во 1943 година.
Поврзано
Александар Урдаревски Никола Урдаревски Живко Урдаревски Стоилко Урдаревски Трипун Урдаревски Стојан Урдаревски Неделко Урдаревски Благоја Урдаревски Љубе Урдаревски Младен Урдаревски Перо Урдаревски
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ