мини|десно|Феудалната кула Феудална кула – средновековна одбранбена кула во градот Струмица.

Феудалната кула се наоѓа на ул. Охридска и е единствен објект од ваков вид во Струмичко. Основата е квадратна со димензии 6,9 х 9м. Изработена е од квалитетен делкан бигор. Поседува подрум, приземје и три ката. Меѓукатната конструкција е дрвена, од која на северната и источната страна на третиот кат еркерно се испуштени дрвени чардаци. Градена е најверојатно во турскиот период и служела за живеење и одбрана.

Наводи

Категорија:Згради и градби во Струмица Категорија:Знаменитости во Струмица Категорија:Урнатини во Македонија