Драгољуб Лазаров Анчевски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Живеел во Ново Маало. По завршувањето на основното училиште го изучил кројачкиот занает и станал квалификуван работник. На 27 август 1944 година, стапил во редовите на Скопскиот партизански одред на Китка, а подоцна во Дванаесеттата македонска ударна бригада, бил борец во Првиот баталјон. Во состав на Скопскиот nартизански одред учествувал во неколку борби, а особено во организирањето на народот за престојната борба. Во борбите против балистите секогаш се истакнувал со храброст. Во една од нив кај месноста Бел Камен, на падините на Водно, храбро загинал непосредно пред ослободувањето на Скопје. По ослободувањето на градот, посмртните останки му биле погребани на скопските гробишта.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви во битките за слобода на Скопје