Ацо Георгиев Ацев ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОБ.

Животопис Уште пред Втората светска војка, тој се имал доселено во Скопје, каде работел како бифеџија. За време на окупацијата, тој активно ја помагал народно-ослободителната борба. Покрај извршувањето на поставените задачи, материјално го помагал движењето. Поради пројавената револуционерна активност, во 1943 година, бугарската фашистичка полиција го затворила, а потем го интернирала во селото Кржани, денес во Бугарија, во . Во интернација останал 6 месеци, а потоа бил префрлен во затворот во Скопје, каде го задржале само еден месец. По излегувањето од затворот, веднаш заминал на Китка и се приклучил на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Во состав на истата, тој учествувал во сите борби што ги водела оваа единица. Во борбите за ослободувањето на Скопје, на 13 ноември 1944 година, бил ранет за време на уличните борби. Од последиците во затворот како и од раната, починал на 24 јануари 1945 година. Бил погребан на скопските гробишта во Бутел.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви во битките за слобода на Скопје