Тодор Глигоров Георгиевски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Уште пред Втората светска војна, тој се доселил во Скопје заедно со своето семејство. По завршувањето на основното училиште го изучил берберскиот занает. Во септември 1944 година, тој стапил во борбените редови на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Со бригадата храбро се борел против балистите и Германците на планината Китка, Водно, кај реката Треска, како и во борбите за ослободувањето на Скопје. Непосредно по ослободувањето на Скопје, учествувал во борбите против балистите во околината на Сарај па сè до Тетово. Бил учесник во конечното уништување и разоружување на балистичките остатоци во Косово. Во последните напорни дејствија, по една случајност загинал во несреќен случај. По ослободувањето, неговите посмртни останки биле пренесени и закопани на скопските гробишта.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ