Јордан Трајков Георгиевски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Произлегува од cиpoмашнo семејство. По завршувањето на основното училиште, поради лошите материјални услови не го продолжил своето натамошно образование. Се вработил како млекар. Во народно-ослободителната борба се вклучил во 1944 година, сестрано помагајќи го народно-ослободителното движење. Поради пројавената активност, бугарската фашистичка полиција често го прогонувала и затворала. На 12 и 13 ноември 1944 година, кога народно-ослободителните единици ја започнале борбата за ослободување на Скопје, меѓу жителите што излегле по улиците за да им дадат поткрепа на борците, бил и тој. Некаде пред Учителското училиште, сега веќе како борец на Дванаесеттата македонска ударна бригада, храбро загинал од непријателски куршум, при уништувањето на една закрепена група Германци.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви во битките за слобода на Скопје