Благе Миланов Гиевски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Израснал во сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Бил еден од напредните младинци во селото. Во неговата куќа биле одржувани разни состаноци. Како деветнаесет годишен младинец, во септември 1944 година, тој стапил во борбените редови на прославената Трета македонска ударна бригада. Учествувал во нејзините натамошни борби. Кон крајот на октомври 1944 година, со Бригадата водел жестоки борби против балистите и Германците за преземање на хидроцентралата Матка. Во оваа борба бил тешко ранет, но, и покрај тоа продолжил херојски да се бори сè до последниот патрон. Бил заробен од балистите и на ѕверски начин убиен.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ