Променлива ѕвезда од типот на Алфа Лебед — вид променлива ѕвезда со изразени нерадијални пулсирања, што значи дека неки делови од нејзината површина се собираат, а други истовремено се шират. Тие се суперџиновски ѕвезди од спектрален тип B или A. За пулсирањата својствени се сјајносни колебања од 0,1 величини, кои честопати делуваат неправилно поради биењето на разните периоди на пулсирање во траење од неколку дена до неколку недели.
Прототипната ѕвезда на оваа класа, наречена Денеб (α Лебед), exhibits колебања во сјајноста од +1,21 до +1,29 величини. Малозамавните брзи промени се одамна познати кај многу суперџинови од ран вид, но таквите ѕвезди се ставени во своја класа дури во IV на Општиот каталог на променливи ѕвезди, објавен во 1985 г. Многу сјајни сини променливи ѕвезди (ССП) имаат променливост од типот на Алфа Лебед во текот мирувачки (врели) фази, но во ваквите случаи се користи сопствена класификација.
Поголем број вакви ѕвезди (32) се откриени од Кристофел Валкенс и неговите коелги при проучување на податоците од „Хипаркос“ во 1998 г.
Пулсирање Пулсирањата на променливите ѕвезди од типот на Алфа Лебед не се наполно изучени. Тие не се ограничени на тесен опсег на температури и сјајности како највеќето пулсирачки ѕвезди. Наместо тоа, највеќето сјајни ѕвезди од типот A и B, а веројатно и оние од типовите O и F, покажуват непредвидливи малоразмерни пулсирања. Радијалните пулсирања на неадијабатски чуден начин на колебање можат да се предвидат, но само за најсјајните суперџинови. Пулсирањата се моделирани и за помалку сјајни супериџинови, под претпоставка дека се нискомасени ѕвезди по црвената суперџиновска фаза, но највеќето променливи од типот на Алфа Лебед не ја имаат поминато таа фаза.
Пулсираања веројатно се предизвикани од капа-механизам, поттикнат од разликите во железонепробојноста, при што чудниот начин ги дава забележаните кратки периоди, како на радијални, така и на нерадијални пулсирања. Неадијабатските g-колебања може да дадат подолгопериодични разликувања, но овие не се забележани кај променливите од типот на Алфа Лебед.
Список
Галактички ИмеСоѕвездиеОткриенаНајголема привидна величина (mV)Најмала привидна величина (mV)Период (денови)Спектрална класаСјајностЗабелешка CE Cam (HD 21389) Жирафа Percy & Welsh (1983) 4,54 A0Iab 63.000 CS Cam Жирафа Rufener (1982) 4,259 B9Ia 75.900 η CMa (Алудра) Големо Куче Kazarovets et al. (1999) 2,38 2,48 4,70433 B5Ia 105.000 ο2 CMa Големо Куче Waelkens et al. (1998) 2,98 3,04 24,44 B3Ia 219.000 κ Cas Касиопеја Percy & Welsh (1983) 4,12 4,21 2,64690 B1Ia 331.000 6 Cas Касиопеја Abt (1957) 5,34 5,45 30 B2 Ia+ 200.000 хиперџин ο2 Cen Кентаур 5,12 5,22 46,3 A2Ia 136.000 ν Cep Кефеј Percy & Welsh (1983) 4,25 4,35 A2 Iab 254.000 DL Cru Јужен Крст Waelkens et al. (1998) 6,24 6,28 2,8778 B1.5Ia 242.000 Денеб Лебед Lee (1910) 1,21 1,29 A2 Ia 196.000 прототип σ Cyg Лебед Abt (1957) 4,19 4,26 120,2 B9 Iab 39.000 55 Cyg Лебед Hill et al. (1976) 4,81 4,87 B2.5 Ia ~400.000 3 Gem Близнаци Waelkens et al. (1998) 5,75 13,70 B3 Ia 200.000 ρ Leo Лав Olsen (1974) 3,83 3,9 3,4271 B1Iab 295.000 β Ori (Ригел) Орион Waelkens et al. (1998) 0,17 0,22 2,0748 B8Ia 279.000 218.000 најсјаен член ε Ori (Алнилам) Орион Cousins (1960) 1,64 1,74 2,0748 B0.5Iabea 275.000 537.000 χ2 Ori Орион Waelkens et al. (1998) 4,68 4,72 2,8682 B2Ia 446.000 9 Per Персеј Abt (1957) 5,15 5,25 A2 Ia 141.000
Вонгалактички ИмеГалаксијаОткриенаНајголема привидна величина (mV)Најмала привидна величина (mV)Период (денови)Спектрална класаСјајностЗабелешка LHA 115-S 18 ММО 13,3 сложен B[e]sg можна ССП HDE 268835 ГМО 10,60 10,68 >100 B8p HD 37974 ГМО 10,92 11,00 400 B0.5Ia+
Наводи
Извори Samus N.N., Durlevich O.V., et al. Combined General Catalog of Variable Stars (GCVS4.2, 2004 Ed.)
Категорија:Ѕвездена физика