1624 Францускиот крал Луј XIII го поставува кардиналот Ришелје за премиер. 1792 Француските револуционери ги апсат членовите на кралското семејство само три дена по укинувањето на монархијата и соборувањето на кралот Луј XVI. 1814 Холандија ѝ го отстапува ’Ртот на Добра Надеж на Велика Британија. 1914 Во текот на Првата светска војна, Франција и објавува војна на Австроунгарија. 1923 Мустафа Кемал Ататурк станува прв претседател на Турција. 1961 Властите на Источна Германија ја затвораат границата меѓу Источен и Западен Берлин кај Бранденбуршката порта и почнуваат со изградба на 155 километри долг ѕид по границата со Западен Берлин. Ѕидот е урнат во ноември 1989 година, по што Германија повторно се обединува. 1964 Во Велика Британија се извршени последните смртни казни со бесење на два затвореника во Ливерпул и Манчестер, осудени на смрт заради убиства. 1998 Швајцарските банки и еврејските групи постигнуваат договор со кој се предвидува исплаќање на сума од 1.250.000.000 долари како надомест на жртвите од холокаустот во текот на Втората светска војна. 2001 Потпишан е Охридскиот рамковен договор.
13 август