Јокуш — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Немањици. Претставува некропола од античкоримско време.

Местоположба и наоди Се наоѓа на околу 1,5 км северозападно од селото, над патот што води кон селото Орел. Претставува тераса под месноста Грчки Рид која е широко отворена и со благ пад кон коритото на Орелска Река и акумулацијата Мавровица. Во нивата на Војчо Златев Бутковски и во соседните ниви со орањето биле откривани плочи од конструкции на гробови, а во 1968 година била најдена надгробна плоча од мермер со релјефна претстава на задушна гозба, која В. Санев ја откупил за Музејот во Штип. Во 1981 и подоцна, во 1985 и 1986 година, биле извршени заштитни ископувања при што биле откриени и истражени 34 гроба, од кои само во еден гроб покојникот бил инхумиран. Погребувањето било извршено во три вида дупки: овални, во кои остатоците од кладата биле положени во ладна состојба и потоа покриени со нафрлени аморфни речни камења; правоаголни јами, во кои остатоците биле положени во топла состојба и покриени со плочи од песочник и речен камен, околу кои честопати бил направен венец од аморфни камења; правоаголни - во кои се поставувал камен-меморија. Гробните прилози се разновидни и меѓу нив има сатчиња од стакло и керамика и накит. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Свети Николе.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 356 Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Галерија

Поврзано Алин Дол — населба од неолитското и римското време; Ветрен — некропола од железното време; Вреж — населба од неолитското време; Градиште — утврдена населба од железното време; Дабица — населба и некропола од римското време; Зелена Чукарка - Јокуш — населба и некропола од римското време; Мишевска Воденица — вила рустика од римското време; Старо Село — населба и некропола од средниот век; Црквиште — населба и некропола од римското време; Немањици; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Немањици