Мишевска Воденица — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Немањици. Претставува вила рустика од античкоримско време.

Местоположба и наоди Се наоѓа на 2,1 км северозападно од селото, на десниот брег на Орелска Река и југозападно од наоѓалиштето Јокуш. Лежи на голема речна тераса, под патот за селото Орел, која на источната страна е заштитена со венец од благи ритчиња. Во 1981 година, при изградбата на браната од хидросистемот Мавровица било извршено заштитно ископување од страна на Археолошкиот музеј и Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата. Во нивата на Б. Гигов и во соседните ниви биле откриени повеќе темели од градба ѕидана од кршен камен и варов малтер. Со оглед на бројот на просториите, се смета дека се работи за голема вила рустика, во која имало бања со префурниум и тепидарум, со под подигнат врз суспензури и столпчиња, просторија за гмечење на грозје и други наменски простории. Источниот крај на вилата бил однесен од поројните води на реката.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 356 Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Алин Дол — населба од неолитското и римското време; Ветрен — некропола од железното време; Вреж — населба од неолитското време; Градиште — утврдена населба од железното време; Дабица — населба и некропола од римското време; Зелена Чукарка - Јокуш — населба и некропола од римското време; Јокуш — некропола од римското време; Старо Село — населба и некропола од средниот век; Црквиште — населба и некропола од римското време; Немањици; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Немањици