Музејскиот парк (холандски: Museumpark) - урбан парк во Ротердам, Холандија, сместен помеѓу Музејот Бојманс Фан Беунинген, Вестерсингел, Вестејдајк и комплексот М.Ц. Еразмус, медицински центар поврзан со Еразмовиот универзитет.
Паркот лежи на поранешната земја на семејството Хобокен, кој живеел во зградата што сега е Природонаучниот музеј Ротердам. Паркот бил поставен во 1927 година според дизајнот на архитектот Витвитен. На јужната страна од езерцето во паркот е поставен споменик за Херит Јонг, директор за општински работи во Ротердам. Во паркот има неколку уметнички дела, така што служи и како градина за скулптури.
Постојат голем број музеи сместени во близина на паркот, па оттука и името:
Холандски институт за архитектура Музеј „Бојманс Фан Бојнинген“ Музеј Чабот Ликовна сала Вила Соневелд Природонаучен музеј Ротердам
Наводи
Надворешни врски
Museumpark Parkeergarage Roterdam
Категорија:Временска карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Паркови во Холандија Категорија:Ротердам