Св. Стефан — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Малино. Претставува осамен наод од римско време. Во прагот на црквата е вградена надгробна стела со старогрчки натпис. Според Н. Вулиќ, во тремот на црквата имало фрагмент од надгробна плоча од гнајс, а во дворот, од западната страна, надгробна плоча со профилирано натписно поле и релјефно претставени бисти на двајца мажи и една жена сместени во калканот. Овие камени споменици можеби потекнуваат од наоѓалиштето Поза Рид – Шољеви Камења.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 355, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Градиште — доцноантичко и средновековно градиште; Малино — осамен наод од римското време; Поза Рид - Шољеви Камења — населба од доцноантичкото време; Св. Стефан — осамен наод од римското време; Цигански Гробишта — средновековна некропола; Црвена Стена — некропола од доцноантичкото време; Малино; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Малино