мини|десно|300п|Мира — протитипа ѕвезда на миридите. Мирида — класа на пулсирачки ѕвезди кои се одликуваат со мошне црвени бои, периоди на пулсирање од преку 100 дена, замав поголем од една величина во инфрацрвениот појас и 2,5 величини во видливиот појас. Наречени се по нивната прототипна ѕвезда — Мира (Омикрон Кит, ο Cet). Претставуваат црвени џинови во многу доцна етапа од нивниот развој, на асимптотската гранка на џинови (АГЏ), кои ги исфрлаат нивните надворешни обвивки како планетарни маглни и стануваат бели џуџиња во рок од неколку милиони години.

Овие ѕвезди се доволно масивни за да имаат претрпено хелиумскo соединување во нивните јадра, но имаат помалку од две сончеви маси — ѕвезди кои веќе имаат изгубено половина од првичната маса. Меѓутоа, тие можат да бидат илјадници пати посјајни од Сонцето поради тоа што поседуваат многу големи надуени обвивки. Исто така, тие пулсираат, бидејќи сета ѕвезда се шири и се собира. Ова прави промена во температурата и величината, што пак предизвикува промени во сјајноста. Пулсирањето зависи од масата и полупречникот на ѕвездата, и постои добро уврдена врска помеѓу периодот и сјајноста (како и бојата). Многу големите видливи замави не се должат на големи промени во сјајноста, туку поради префрлање на излезната енергија помеѓу инфрацрвена и видлива бранова должина кога тие ја менуваат температурата при пулсирањето.

мини|лево|Светлинската крива на χ Лебед. Првичните моделирања на миридите се потпирале на претпоставката дека ѕвездата останува сферно симетрична во текот на овој процес (претежно за да се упрости сметачкото моделирање наместо од физички причини). Во поново време е спроведен попис на миридите, каде е најдено дека 75 % од оние видени со телескопот IOTA немале сферна симетрија, што доследно одговара на претходните слики од поединечни мириди. Затоа, денес се претпочита реалистично тридимензионално моделирање на миридите со помош на суперсметачи.

Миридите можат да бидат богати со кислород или со јаглерод. Јеглеродно богатите ѕвезди како R Зајак произлегуваат од потесен збир услови кои се наметнуваат брз вообичаеното тежнеење на АГЏ-ѕвездите да чуваат вишок кислород врз јаглеродот поради зацрпувања. Пулсирачките АГЏ-ѕвезди како миридите претрпуваат соединување во наизменични водородни и хелиумски обвивки, што повремено дава длабока deep конвекција позната како зацрпувања. Овие зацрпувања го носат јаглеродот од хелиумскосогорувачката обвивка на површината и миридата би ја направиле јаглеродна ѕвезда. Меѓутоа, кај ѕвездите со преку се јавува врело согорување на дното. Ова се јавува кога подолните подрачја на конвективниот појас се доволно врели за да се случи значително соединување во јаглеродно-азотно-кислороден циклус, што уништува голем дел од јаглеродот пред тој да има прилика да дојде до површината. Овие помасивни АГЏ-ѕвезди не стануваат јаглеродно богати.

Миридите брзо ја губат масата и овој материјал честопати образува плашт од прашина кој ја обиколува ѕвездата. Во извесни случаи се јавуваат погодни услови за создавање на природни мазери.

Мал дел од миридите го менуваат периодот со текот на времето: тој се зголемува и намалува во голема мера (до трети степен) со текот на неколку децении до неколку века. Се смета дека ова се должи на топлински пулсирања, каде хелиумската обвивка повторно ја зажарува надворешната водородна обвивка, менувајќи го составот на ѕвездата, што се одразува врз периодот. Овој процес се смета дека се случува кај сите мириди, но релативната краткотрајност на топлинските пулсирања (највеќе до неколку илјади години) во текот на нејзиниот животен век на АГЏ (помалку од милион години), значи дека појавата ја гледаме само кај неколку од повеќеилјадните познати мириди (можеби во R Водна Змија). Највеќето мириди покажуваат мали промени во периодот од еден до друг циклус, веројатно предизвикани од нелинеарно поведение во ѕвездената обвивка, меѓу кои се отстапувањата од сферната геометрија.

Миридите се популарни кај аматерски астрономи кои се занимаваат со набљудување на променливи ѕвезди поради значителните промени во сјајноста. Некои Мириди (како самата Мира) доследно се набљудуваат веќе подолго од сто години.

Список Следи список на избрани мириди. Освен ако не е поинаку укажано, дадените величини се во V-појас, а растојанијата се од ѕвездениот каталог „Гаја DR2“. Ѕвезда Најголемавеличина Најмалавеличина Период(денови) Оддалеченост(парсеци) Навод Мира 2,0 10,1 332 Хи Лебед 3,3 14,2 408 R Водна Змија 3,5 10,9 380 R Кобилица 3,9 10,5 307 R Лав 4,4 11,3 310 S Кобилица 4,5 9,9 149 R Касиопеја 4,7 13,5 430 R Часовник 4,7 14,3 408 R Златна Рипка 4,8 6,3 172 U Орион 4,8 13,0 377 RR Скорпија 5,0 12,4 281 R Змија 5,2 14,4 356 T Кефеј 5,2 11,3 388 R Водолија 5,2 12,4 387 R Кентаур 5,3 11,8 502 RR Стрелец 5,4 14 336 R Триаголник 5,4 12,6 267 S Вајар 5,5 13,6 367 R Орел 5,5 12,0 271 R Зајак 5,5 11,7 445 W Водна Змија 5,6 9,6 390 R Андромеда 5,8 15,2 409 S Северна Круна 5,8 14,1 360 U Лебед 5,9 12,1 463 X Змијоносец 5,9 8,6 338 RS Скорпија 6,0 13,0 319 RT Стрелец 6,0 14,1 306 RU Стрелец 6,0 13,8 240 RT Лебед 6,0 13,1 190 R Близнаци 6,0 14,0 370 S Жерав 6,0 15,0 402 V Еднорог 6,0 13,9 341 R Рак 6,1 11,9 357 R Девица 6,1 12,1 146 R Лебед 6,1 14,4 426 R Воловар 6,2 13,1 223 T Рамнило 6,2 13,6 244 R Мал Лав 6,3 13,2 372 S Девица 6,3 13,2 375 R Мрежичка 6,4 14,2 281 S Херкул 6,4 13,8 304 U Херкул 6,4 13,4 404 R Октант 6,4 13,2 407 S Сликар 6,5 14,0 422 R Голема Мечка 6,5 13,7 302 R Ловечки Кучиња 6,5 12,9 329 R Рамнило 6,5 12,8 496 T Голема Мечка 6,6 13,5 257 R Кочијаш 6,7 13,9 458 RU Херкул 6,7 14,3 486 R Змеј 6,7 13,2 246 V Северна Круна 6,9 12,6 358 T Касиопеја 6,9 13,0 445 R Пегаз 6,9 13,8 378 V Касиопеја 6,9 13,4 229 T Паун 7,0 14,4 244 RS Девица 7,0 14,6 354 Z Лебед 7,1 14,7 264 S Орион 7,2 13,1 434 T Змеј 7,2 13,5 422 UV Кочијаш 7,3 10,9 394 W Орел 7,3 14,3 490 S Кефеј 7,4 12,9 487 R Печка 7,5 13,0 386 RZ Пегаз 7,6 13,6 437 RT Орел 7,6 14,5 327 V Лебед 7,7 13,9 421 RR Орел 7,8 14,5 395 S Воловар 7,8 13,8 271 WX Лебед 8,8 13,2 410 W Змеј 8,9 15,4 279 R ЈарецDiscovered in 1848 by Hind. 8,9 14,9 343 UX Лебед 9,0 17,0 569 LL Пегаз 9,6 K 11,6 K 696 TY Касиопеја 10,1 19,0 645 IK Бик 10,8 16,5 470 CW Лав 11,0 R 14,8 R 640 TX Жирафа 11,6 B 17,7 B 557 LP Андромеда 15,1 17,3 614

Поврзано Долгопериодична променлива ѕвезда Полуправилна променлива ѕвезда

Наводи