Финалето на ФА купот во 2021 година бил фудбалски натпревар, со кој се одредил победникот на ФА купот за сезоната 2020-2021. Ова било 140-тото финале на ФА купот, англискиот фудбалски куп организиран од страна на ФА. Финалето било одиграно на Вембли на 15 мај 2021 година, а во него се сретнале екипите на и .

Финалето било решено во 63-тата минута, кога паднал единствениот гол во натпреварот, а стрелец бил Јури Тилеманс од Лестер Сити. Така, четирикратниот вицешампион, Лестер Сити, го победил фаворитот Челси со 1-0, освојувајќи ја својата прва титула во ФА Купот во својата клупска историја.

Натпреварот, исто така, бил меѓу еден од првите настани каде било забележано враќањето на голем број гледачи на трибините по пандемијата на КОВИД-19.

Патот до финалето

+Патот на Челси до финалетоРундаПротивникРезултат3. (Д)4–04. (Д)3–15. (Г)1–0ЧФ (Д)2–0ПФ (Н)1–0Клуч: (Д) = Дома; (Г) = Гости; (Н) = Неутрален терен

+Патот на Лестер Сити до финалетоРундаПротивникРезултат3. (Г)4–04. (Г)3–15. (Д)1–0ЧФ (Д)3–1ПФ (Н)1–0Клуч: (Д) = Дома; (Г) = Гости; (Н) = Неутрален терен

Натпреварот Преглед на натпреварот

Челси подобро го отвориле натпреварот и доминирале на почетокот, а првата голема шанса ја имале преку Антонио Рудигер во 15-тата минута чиј удар минал покрај голот на Лестер Сити. Лисиците одговориле кога Тимоти Кастањ испратил низок центаршут кој во добра позиција го дочекал Џејми Варди, но ударот на напаѓачот на патот кон голот на Челси бил блокиран од Рис Џејмс. Во 20-тата минута, Тијаго Силва направил фаул над Келечи Ихеаначо, а по слободниот удар кој го извел Тилеманс, Чаглар Сојунџу шутирал со глава но над голот на Челси. Некаде на половината од првото полувреме дождот почнал да паѓа, со што условите за игра станале потешки. Следната шанса ја имале фудбалерите на Челси, кога Мејсон Маунт одлично примил една топка на средината од теренот и ја водел сè до шеснаесеттникот на Лестер од каде шутирал но ударот му бил блокиран од Весли Фофана и завршил покрај голот на лисиците во корнер. Веднаш потоа, дошла најдобрата шанса во првото полувреме, по една нафрлена топка Тимо Вернер и Сесар Аспиликуета од непосредна близина до голот на Лестер не успеале да дојдат до топката и да ја сместат во мрежата. Во 34-тата минута, Џони Еванс бил приморан да излезе поради повреда и бил заменет со Марк Олбрајтон. Пред паузата, последниот обид за гол го имал Варди чиј удар со глава минал покрај голот на Челси. Полувремето завршило со почетниот резултат 0-0; ниту една од двете екипи дури не регистрирала ни удар во рамките на голот.

За време на паузата не биле извршени замени. Осум минути по почетокот на второто полувреме, бил забележан првиот удар во рамката на некои од двата гола: Н'Голо Канте од Челси испратил центаршут од десната страна, но голманот на Лестер Сити Каспер Шмајхел лесно го фатил слабиот удар со глава на Маркос Алонсо. Во 63-тата минута, Лук Томас додал до Тилеманс чиј удар од далечина завршил во горниот лев агол од голот на Челси, со што Лестер Сити повеле со 1-0. И покрај тврдењата на Челси дека имало игра со рака за време на таа акција, голот бил признат. Челси се обиделе да го возвратат ударот преку Хаким Зијеш, но неговиот удар бил одбиен во корнер, од кој не се случило ништо. Во последната минута од регуларното време, Тијаго Силва додал до Бен Чилвел, кој шутирал; во обидот да ја исчисти топката по ударот на Чилвел, Сојунџу го погодил својот соиграч Морган и топката завршила во мрежата на Лестер Сити. Автоголот бил прегледан од VAR, кој открил дека Чилвел бил во офсајд во таа акција; голот бил поништен. И покрај продолжението од пет минути, немало промена на резултатот. Натпреварот завршил 1-0 за Лестер Сити, кој за прв пат во клупската историја го освоил ФА Купот.

Детали

GK 1 Кепа АрисабалагаCB 28 Сесар Аспилкуета CB 6 Тијаго СилваCB 2 Антонио РудигерRM 24 Рис ЏејмсCM 7 Н'Голо КантеCM 5 Жоржињо LM 3 Маркос Алонсо AM 22 Хаким Зијеш AM 19 Мејсон МаунтCF 11 Тимо Вернер Замени:GK 16 Едуар МендиDF 15 Курт ЗумаDF 21 Бен Чилвел DF 33 Емерсон ПалмиериMF 10 Кристијан Пулишиќ MF 20 Калум Хадсон-Одои MF 23 Били ГилморMF 29 Каи Хаверц FW 18 Оливје Жиру Менаџер: Томас Тухел GK 1 Каспер Шмајхел CB 3 Весли Фофана CB 6 Џони Еванс CB 4 Чаглар СојунџуRM 27 Тимоти КастањCM 8 Јури ТилемансCM 25 Вилфред НдидиLM 33 Лук Томас AM 17 Ајосе Перес CF 14 Келечи Ихеаначо CF 9 Џејми ВардиЗамени:GK 12 Дани ВордDF 5 Вес Морган DF 18 Даниел АмартејDF 21 Рикардо ПереираMF 10 Џејмс Мадисон MF 11 Марк Олбрајтон MF 20 Хамза Чудури MF 24 Нампалис МендиMF 26 Денис ПратМенаџер: Брендан Роџерс

Играч на натпреварот: Јури Тилеманс (Лестер Сити)

Помошни судии: Стјуарт Брт Сајмон Бенет Четврти судија: Пол Тирни Video assistant referee: Крис Кавана Помошен video assistant referee: Сијан Мејси-ЕлисПравила на натпреварот 90 минути. 30 минути продолженија ако е потребно. Изведување пенали ако резултатот е нерешен. Девет избрани резерви. Од нив пет можат да бидат искористени како замени, а доколку се играат продолженија дозволена е и шеста замена.

Белешки

Наводи

2021