1938 Британија, Франција, нацистичка Германија и фашистичка Италија го потпишуваат Минхенскиот договор. 1941 Почнало Драмското востание на македонските и грчките востаници против бугарскиот окупатор. Во Драма, Просечен, Карлуково и Кобалишта, кои биле нападнати од востаниците, била воспоставена народната власт. По жестоките борби, бугарската војска и полиција го задушиле востанието и притоа извршиле масакрирање на околу 3.000 луѓе и биле преземени различни репресивни мерки низ целата територија во источната област на Егејска Македонија. 1941 Започнала масовната ликвидација на Евреите кај Бабин Јар, Киев — еден од најстрашните масакри во Втората светска војна. 1991 Во селото Усје, Скопско е осветена „црквата Свети Атанасиј“. 1993 Во Аруба, држава на Карипските Острови, Република Македонија е примена за полноправен член на Интерпол, меѓународна организација на криминалистичките полиции. 29 септември
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 29 септември (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.