Цвијиќев шафран (науч.: Crocus cvijicii) е локален ендемски вид растение во национален парк Галичица.Kosanin, Глас Српске Краљ.Акад. 119:23 (1926)

Опис Телото на туниката фино кончеста, мрежеста.

Листови 2-4, 1, 5–3 mm широки, присутни при цветањето.

Цветови Единечни, темно кремави до портокалово-жолти; запците влакнести. Предлист отсуствува. Прицветник и прицветниче присутни, повеќе или помалку долги колку цевката на перијантот. Цевката на перијантот 1,5-3,5 cm, белузлава или ретко пурпурна; сегментите 1,5 x 0,6-0,9 cm, јајцевидно копјести, тапи. Антерите портокалово-жолти. Столпчето портокалово, скоро еднакво на прашниците, нејасно поделено на три стигмални гранки.

Плод Елипсовидна кутијка долга 1-1,5 cm; семенките скоро топчести, со јасни строфиоли, црвено-кафеави.

Екологија Околу снежници, на варовничка подлога, во субалпскиот појас.

Распространетост Галичица: Стара Галичица, по варовнички камењари. 1800–2030 m. (leg. K.Micevski) Галичица: на варовнички камењар под точилото. (leg. K.Micevski)

Наводи

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Ендемска флора на Галичица